Алармантно во Булачани: Некој ставил непозната супстанца во водата, граѓани пријавиле промена на бојата и миризба

 


Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, од Јавното комунално претпријатие Гази Баба било пријавено дека од 22.00 часот на 08.03.2025 до 07.00 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба.

По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

13.03.2025 - 16:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега