Александар Динев: Не можев да одам во школо од булинг, ме шуткаа по ходници заради Тик Ток

 

Во најновата емисија на „Нешто конкрено“ гостуваа некои нови клинци или припадниците на дигиталната ера. Раскажаа дали живеат во виртуелен свет или не, а кога ќе ви откријат и колкави се сумите што ги заработуваат преку своите профили на платформите ќе ги сфатите многу посериозно.

Aлександра Шијакоска, Ксенија Деспотовска, Александар Динев, Боби Трајковски и Давор Панчевски се ликови кои што на помладите генерации им се и тоа како познати, ја следат нивната работа, ги поддржуваат, а некои и сакаат да станат како нив.

Колку соучениците во еден клас можат да прифатат дека нивниот пријател преку ноќ станува познат со огромна публика и цврста поддршка? Тик-токерот Динев раскажа дека тоа не било баш лесно, напротив, тој откри дека е жртва на булинг во училиштето и оти често не сакал ни да ги посетува часовите од тие причини. Но тоа не е единствениот проблем со кој се соочил овој млад и талентиран тик-токер, имено, Александар се плаши да открие каде живее затоа што, како што вели, му се качувале по прозорци сакајќи да му наштетат.

05.05.2023 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега