Алексеј Навални почина во затвор
Почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој отслжуваше затворска казна во затвор на крајниот север од државата.
Ова денеска го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на Управата на затворот во регионот Јамало-Ненец.
Во соопштението објавено на својата веб-страница, Федералната казнена служба наведува дека Навални „се чувствувал лошо“ по прошетката во петокот и „речиси веднаш изгубил свест“. Повикан бил медицинскиот персонал, но не можел да го реанимира. Причината за смртта се уште се утврдува.
Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, одлежа 11 и пол години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна. Сите тие обвинувања ги отфрли како измислени и политички мотивирани.
Тој лани во декември беше преместен од затворот во Москва и речиси две недели неговите соработници не знаеа каде е. Потоа неговиот адвокат соопшти дека Навални се наоѓа во затвор во регион во северна Русија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа