Ограбени два маркети во Скопје за помалку од 30 минути - разбојникот се заканил
Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет.
Неколку миниути подоцна во 21.59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
22.05.2025 - 15:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа