Али Ахмети: Јас ќе станам мост и ќе го изградам патот за вие да го реализирате сонот

Денеска, на годишнината на Призренската Лига, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и се обрати на нацијата со порака околу идејата за избор на прв Албанец за премиер на Република Македонија.

„Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење!
Време е за првиот Премиер Албанец во Северна Македонија! Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеват нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци.
Сепак,  и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш.
Кога сонувавме за слободата во 2001 година, истата категорија на луѓе, исто така се потсмеваа и го кренаа белото знаме. И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога Претседателот на
Собранието на Северна Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес“, кажа Ахмети.
Тој истакна дека тој нема да биде кандидатот за премиер.
„Оваа идеја е поголема од секоја партија и секоја личност. Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на Вас да го спроведете. Јас сеам за вие да жнеете. Јас сонувам за вие да остварувате. Јас ќе бидам храбар за вие да го доживеете тоа.
Кога сме заедно, сме посилни.  Ова е национална Албанска кауза. Ова е нашиот национален сон. Сонот на потполната рамноправност, сонот на едно општество што зборовите ги спроведува во дела“, објасни Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега