Алиу изразува солидарност со Словенија: „Нашите мисли и молитви се со Вас“
Mинистерот за Информатичко општество и администрација, Азир Алиу изрази солидарност со народот на Словенија, откако земјата беше зафатена од катастрофални поплави, во кои загинаа најмалку шест лица и предизвикаа голема материјална штета.
- Дождовите и свлечиштата, кои започнаа во четвртокот, поплавија големи делови од Словенија. Ја изразувам мојата срдечна солидарност до народот на Словенија кој е погоден од катастрофалните поплави. Нашите мисли и молитви се со нив во ова тешко време. На повредените им посакувам брзо оздравување и контрола на ситуацијата, објави на социјалните мрежи Алиу.
Дождовите и свлечиштата кои започнаа во четвртокот, поплавија големи делови од централна и северна Словенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа