Американка со двојна матка роди две бебиња за два дена

Келси Хачер е 32-годишна Американка која има ретка двојна матка. Својата бременост ја сподели на социјалните мрежи, а сега објави дека се породила двапати за два дена – првото девојче во вторник, а второто во среда.

Првото бебе се роди во вторникот во 19:49 часот по локално време, а второто и се придружи во средата во 06:09 часот.

Како тинејџерка, Хачер знаела дека има двојна матка, „ti uterus didelphys“. Тоа е вродено нарушување за кое се проценува дека влијае на околу 0,3 проценти од жените. Откако имала три нормални бремености во минатото, за време на рутински преглед во осмата недела од четвртата бременост, дознала дека во секоја нејзина матка има фетус.

Според Швета Пател, акушер и гинеколог на Универзитетот во Алабама во Женскиот центар во Бирмингем, биутеринските бремености се исклучително ретки. Последниот нашироко познат случај беше во Бангладеш во 2019 година, кога 20-годишната Арифа Султана роди здрави близнаци со разлика од 26 дена.

 
 
 
24.12.2023 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега