Американски професор за Балашевиќ: Неговата смрт е смрт на Југославија
Професорот Скај, чиј Јутјуб канал се занимава со музички критики е голем фан на музиката на Ѓорѓе Балашевиќ.
Тој е професор по француски јазик, а неговата сопруга е од подрачјето на поранешна Југославија.
Скај секој роденден на неговата сопруга на својот канал говори за еден од албумите на Балашевиќ.
Смртта на легендарниот кантавтор го потресла, а во последното видео се обидува да ја објасни неговата смрт и што тоа претставува за просторите на поранешна Југославија.
-Колку пати една земја може да умре, цитираше еден српски новинар, а потоа рече дека со Балашевиќ симболично умрела и Југославија. Американецот кратко говореше и за распадот на Југославија, а кантавторот го спореди со Боб Дилан.
-Распадот на Југославија и војната која се случи беа неуспех за човештвото, вели професорот.
-Сите во бивша Југославија плачат, особено во Хрватска која беше во крвава војна со Србија. Не се мразат кога станува збор за Балашевиќ, туку пејат заедно. Хрватите не го сакаат зашто неговата мајка е Хрватка, туку поради неговата човечност, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа