АМСМ: Сообраќајот на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово е во прекин
Сообраќајот на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово е во прекин, информираат од Авто – Мото Сојуз на Македонија.
– Од 14:45 часот сообраќајот е во прекин на двата правци на регионалниот пат Дебар-Маврово, поради собир на жители од село Долно Косоврасти во врска со водоснабдување, стои во соопштението од АМСМ.
04.01.2023 - 15:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа