АМСМ: Зголемен сообраќајот надвор од градовите, без задржувања на граничните премини
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини утринава е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, а прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа