Ана Николиќ има право да е љубоморна – Раста објави фотографија од новата девојка

 

Раперот Стефан Ѓуриќ, Раста ужива во емотивна врска со актерката Марија Балабан со која влезе во емотивна врска додека ја издржуваше казната затвор во домашни услови.

Со оглед на тоа дека ја криеше со месеци наназад, јавноста за неа дозна кога двајцата отпатуваа на заеднички одмор минатиот месец.

Раперот и актерката тогаш објавуваа видео клипови на Инстаграм од забавите таму, па јавноста лесно откри дека парот е во врска.

Веднаш потоа Раста за медиумите откри дека ужива во врска со неа, а сега објави и фотографија од неа и тоа со голем повод.

Имено таа е дел од новиот спот на раперот за песната „Boni I Klajd“ каде ја игра и главната улога.

По ова раперот доби стотици позитивни коментари дека изгледа одлично неговата нова девојка и дека таа е вистинска бомба.

21.07.2022 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега