Автомобил се заби во комбе: Загина едно лице
Вчера на булеварот „Цветан Димов“ во скопската општина Чаир се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 75-годишниот возач на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.
Според првичните информации, „мерцедесот“ управуван од М.Д. (75) се судрил со паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблички, кое претходно било управувано од Х.И.
Од силината на ударот, комбето се придвижило и удрило во друго паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблички, претходно управувано од Л.С.
Екипа од Итната медицинска помош на лице место ја констатирала смртта на возачот на „мерцедесот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа