Ана Павловска Данева почна со работа во Уставен

 

Со изборот на д-р Ана Павловска-Данева на позицијата уставен судија, Уставниот суд почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.

„Судијата Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија и покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот“, информираа од Уставен суд. 
Мандатот на д-р Ана Павловска-Данева, како уставен судија трае девет години, согласно Уставот на РСМ.
09.02.2024 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега