Потрагата заврши трагично: Исчезнатиот маж од с. Битуше пронајден починат

 


Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и 
Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.

 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово.

 

13.06.2025 - 13:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега