Англија планира забрана на мобилни телефони во училиштата

 

Англиски министри потврдија дека планираат да ја забранат употребата на мобилни телефони во училиштата. Објавија упатства за директорите, пренесува „Гардијан“. Упатствата им дозволуваат на училиштата различни начини да ја спроведат забраната, вклучувајќи учениците да ги остават мобилните телефони дома, да ги чуваат во шкафчиња или да ги остават исклучени.

Според анализите, 97 отсто од 12-годишниците имаат паметен телефон. Паметните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците, а поради нивната распространетост, децата кои ги немаат може да бидат малтретирани, што врши притисок врз родителите, пишува „Гардијан“.

Џилијан Киган – министер за образование, рече: „Училиштата се таму каде што децата учат, а мобилните телефони само го одвлекуваат вниманието. На наставниците им даваме алатка за подобрување на однесувањето на учениците, што ќе ја олесни наставата“.

Во упатствата за наставниците е објаснето дека на учениците треба јасно да им се презентираат правилата за мобилните телефони, како и причините поради кои се воведуваат. Се додава и дека учениците не треба да ги гледаат наставниците со мобилни телефони, освен ако не им се потребни за работа.

 

19.02.2024 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега