Разбојник преку прозор влегол во домот на охриѓанка и со закана и одзел пари и злато

 


Утрово во 04.30 часот во СВР Охрид задржан е Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис.

Тој се сомничи дека дека вчера извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

26.11.2024 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега