Апасиев: Не контам да блокираш цел град заради приватен долг
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук во врска со блокадата и сообраќајниот хаос што се случува во Скопје поради протестот на приватните превозници во Скопје.
„Јас разбирам БЛОКАДА на главен град заради јавен интерес или политички барања. Но, да блокираш цел град заради приватен долг (облигационен однос) - е тоа не го контам баш!?“, пишува Апасиев на ФБ.
„И сега МВР - Сообраќајна полиција... Како што знаевте летоска да им пишете казни на нашите активисти кои блокираа со автомобили заради Францускиот предлог, постапете исто и кон приватњаците-ГАЗДИ на најружните и најпрљавите автобуси во свет, кои се паркирани на булеварите низ Скопје“, се додава во неговиот статус.
05.12.2022 - 10:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа