Скопјанец правел парче по клубови: Крадел флаши и пари
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар и одзел повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари.
На 23 мај по полноќ исто така насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.
Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа