Апсење на Табановце
Вчера во 10.46 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Ц.(24) од Република Албанија.
При гранична контрола и проверка во патничко возило „фолксваген тигуан“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе паковки со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
28.07.2025 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа