Арсовска до Џафери: Во Скопје нема друг да ви го одржува дворот, тоа мора сами

 

Кавгата на релација технички премиер Такат Џафери-скопска градоначалничка Данела Арсовска продолжува. Причина е тревата, која се уште не е искосена.

Арсовска напиша: “ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае што му е работата.

Знаат пред некој ден да склучат договор од 2,2 милиони евра за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор.

Еве да ги потсетиме на договорот што го склучиле за одржување и косење на дворот во Влада и тоа за 330 илјади евра!

За “независните” медиуми, да потенцирам не е ова расправија за тоа чија надлежност е, тоа е јасно, Владата треба да си го среди своето.

За ретките медиуми кои истражија дека извесна фирма ТРИСТА ГРУП секоја година за косење и цвеќиња наплаќа МИЛИОНИ ЕВРА од државните институции, наместо да ангажираат јавно претпријатие за десет пати пониска сума.

И уште еднаш, не рзнам како функционира во Форино, ама во Скопје НЕМА друг да ви го одржува дворот, тоа ќе морате сами!

13.05.2024 - 19:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега