Таравари: Алијансата е посилна од кога било, победуваме на локални избори во октомври
Арбен Таравари преку Фејсбук статус објави дека е горд на излегувањето на Алијансата за Албанците (АА) од Владата и порача дека ќе победат на локалните избори во октомври.
Во статусот вели дека АА е посилна од кога било иако некои се обидуваат да ја прикажат како поделена.
-Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата. На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна, гордо сме посилни од кога било. Не заборавајте ние сме победниците во октомври, напиша Таравари на својот фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа