Арсовска го разреши и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“
Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е разрешен Мартин Ангеловски, информираат од Град Скопје.
„Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска.
Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје.
Во ЈП Паркови и зеленило е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела,“ се додава во соопштението.
Мартин Ангеловски беше назначен на 26 јуни годинава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа