Уапсен Албанец: Влегол да краде во куќа во Скопје, ама го начекал сопственикот
Вчера во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го уапсила 34-годишниот И.Б. од Албанија поради обид за кражба во куќа во Скопје.
„Имено, околу 20.40 часот пријавениот влегол во куќа во Скопје, но откако бил затекнат од сопственикот, избегал. Подоцна бил пронајден од полициски службеници и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, велат од МВР
19.04.2025 - 13:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа