Арсовска и директорите на скопските јавни претпријатија садеа јапонски цреши
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека заедно со директорите на јавните претпријатија од Град Скопје засадила дрворед од украсни садници од видот јапонска цреша на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.
„Посветено работиме на подигање и уредување на зелени површини во градот, согласно приоритетите од планираните проекти, при што Град Скопје и Јавното претпријатие Паркови и зеленило со својата екипа продолжува со активности и во периодот што следи, за обновување на зелените површини, подигнување ново зеленило и ново партерно уредување“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа