Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп
Апелацискиот суд на САД привремено ги врати речиси сите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА. Понизок суд претходно ги блокираше царините на американскиот лидер.
-Судот моментално го разгледува случајот, соопшти Апелацискиот суд во документ објавен денеска.
Судот, исто така, соопшти дека страните во случајот треба да презентираат дополнителни аргументи во врска со нивните ставови.
Администрацијата на Трамп најави дека ќе се жали на одлуката на Судот за меѓународна трговија во Њујорк, кој ги прогласи речиси сите царини на претседателот за нелегални.
Советникот за трговија во Белата куќа, Питер Наваро, денеска изјави дека администрацијата на Трамп ќе бара начини да ги задржи царините на сила дури и ако на крајот ги изгуби правните битки околу својата трговска политика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа