Арсовска: Обвинителството не влегло во Град Скопје - се чешла само Водовод
Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска ги демантираше информациите дека Обвинителството вчера „влегло“ во Град Скопје.
– Ја видов таа манипулација. Тоа е од некои политички центри коишто сакаат да си играат со мислењето на граѓаните и јавноста. Единственото место каде во моментот постапуваат институциите е јавното претпријатие „Водовод“. Од Град Скопје имаат силна поддршка да ги добијат сите потребни информации кои ќе им бидат неоходни во овој процес, изјави Арсовска.
Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска посочи дека Обвинителството не постапува само по допрен глас, туку и по нејзино јавно барање.
– Посилна преставка од онаа која ја имав во јавноста мислам дека нема. Мислам дека си постапуваат не само по допрен глас, туку и по мое, ако можам да кажам, јавно барање. Не треба да се мешаме во нивната работа. Тие треба независно да си постапуваат и да ги откријат сите индиции коишто ги имаат и по кои треба да постапат и да видиме кој ќе биде епилогот, рече Арсовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа