Тепале дете во Марино, а чинот дури и го снимале со телефон: Таткото побарал помош од полицијата
Малолетник синоќа бил нападнат во скопската населба Марино. Нападот, како што е пријавено во полиција, го извршил малолетник, а друг малолетник го снимал настанот со мобилен телефон.
Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот синоќа во 22:10 часот во СВР Скопје го пријавил таткото на повредениот, В.Б.(55) од Марино.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
12.06.2025 - 18:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа