Арсовски: Ова е првпат ДУИ во својот состав да има недисциплинирани пратеници

Аналитичарот Петар Арсовски во гостувањето на ТВ 24 истакна дека новина во ДУИ е што првпат има недисциплинирани пратеници.

-Точно е дека е кревко мнозинството во Парламентот, но тоа не значи дека периодот ќе биде исполнет со нестабилности. Претходното мнозинство на Заев беше уште послабо па успеа да донесе некои од најкомплицираните закони за кои се бара и двотретинско мнозинство. Но точно е дека предизвиците ќе бидат поголеми во овој парламентарен состав.

Ова е првпат ДУИ во својот состав да има недисциплинирани пратеници, тоа е новина во оваа партија. Она што се знае за организациската поставеност на ДУИ е што општинските организации се многу силни, за да бидат поблиску до гласачите.

Мислам дека проблемот во ДУИ кој побуди незадоволство е што од истите општински организации лиферуваат исти имиња, односно тоа во општина Чаир се Артан Груби и Бујар Османи. Незадоволните сакаат да има ротација на ликови бидејќи треба да има повеќе кандидати, смета Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега