Ауди се судри со хонда: Мотоциклистот заврши во болница

 

На 02.06.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(30) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Г.(50) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

03.06.2025 - 18:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега