Авалон продукција за Балашевиќ: Ѓоле не може да умре, тој само одмора
Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст.
Од Аволон продукција се збогуваа од пејачот со емотивна порака.
„Ѓоле не може да умре.
Тој само одмара.
Додека неговите песни лечат душа.
Толку“, напишаа Аволон на Фејсбук
Да потсетиме, Балашевиќ пред три дена беше примен на инфективната клиника каде се лекувал од воспаление на белите дробови.
Пред неколку дена извор близок на семејството открил дека кантавторот се чувствува добро и дека се шегува со лекарите, но денес пристигна тажаната вест.
Балашевиќ е роден на 11. мај 1953 година во Нови Сад.
19.02.2021 - 17:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа