Аврамовска Мадиќ - Маленица: Хрватските искуства се добар пример за реформите во правосудството
Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конкретните задолженија во правосудството за зачленувањето во Европската Унија, оцениле заменик министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица на денешната средба во Загреб.
Како што соопштија од Министерството за правда, соговорниците потврдиле дека Хрватска ќе го помогне евроинтегративниот пат на нашата земја.
-Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област дирекно влијаат врз напредокот на преговарачкиот процес. Дијалогот меѓу двете држави ќе продолжи во насока на наоѓање решенија базирани на европските вредности, се вели во соопштението од Министерството за правда.
Аврамовска Мадиќ во Загреб одржала билатерална средба и со министерката за правда на Молдавија, Вероника Михаилов-Морару на која се разговарало за европскиот пат што им претстои на двете држави.
Како што посочија од Министерството за правда, двете држави ќе ја интензивираат меѓусебната соработка и ќе споделуваат искуства од областа на правосудството со цел побрзо зачленување во Европската Унија.
- Мадиќ ја покани Морару во официјална посета на Министерството и заедно со претставници од двете министерства да се одржи заедничка работилница на која ќе се разменат искуства, се вели во соопштението на Министерството за правда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа