Австралиската полиција пресече: Нападот со нож во црквата е тетористички акт

Австралиската полиција денеска соопшти дека вчерашниот напад со нож, за време на црковна служба во близина на Сиднеј, ќе се третира како терористички акт.

Полицијата вчера уапси 15-годишно момче откако во асирската црква во Вејкли, околу 30 километри западно од Сиднеј, избоде со нож четири лица, меѓу кои и епископот на црквата. Повредените, меѓу кои е и напаѓачот се здобиле со полесни повреди.

Нападот се случи за време на проповед што се емитувала во живо на интернет.

Медиумите објавија дека напаѓачот изјавил дека тоа го прави од одмазда.

Да не го навредуваа мојот пророк, немаше да дојдам овде, вели тој на арапски на видеото кое е објавено по нападот.

Тоа е втор напад со нож во Сиднеј во изминатите денови. На 13 април со нож беа усмртени шест лица во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј. Напаѓачот беше застрелан од полицијата. Инцидентот не е означен како терористички акт.

16.04.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега