ФОТО: Последно збогум за младиот Марко кој со мотор се заби во дрво - Голема трагедија во Србија

 

Марко Милинковиќ, 25, загина во тешка сообраќајна несреќа кај Топола во Србија, кога загуби контрола над својот моторцикл и се заби во дрво. Тој ќе биде погребан денеска во 10 часот и 30 минути, а неговите пријатели се простуваат од него и на социјалните мрежи.

- Со длабока тага ги известуваме сите роднини и пријатели дека прерано не напушти нашиот сакан Марко Милинковиќ, 30.07.2000-11.05.2025. Засекогаш ќе останеш во нашите срца со твојата насмевка и добрина по која ќе те паметиме. Страста кон возењето те следеше во животот, во неа го најде и својот мир, стои во последното збогум за младотот момче.

Ќе се соберат и голем број мотоциклисти кои ќе му оддадат последна почит.

Тешката сообраќајка која ја потресе Србија се случи на 11 Мај годинава, околу 15 часот.

Марко најверојатно загубил контрола над моторот, излетал од патот и се забил во дрво, а повредите биле фатални.

15.05.2025 - 09:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега