Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски утре ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер.
Како што информира МНР иТ, по предвидениот официјален пречек Муцунски и Мајнл-Рајсингер ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе следува и билатерална средба помеѓу двете делегации.
Најавена е и заедничка прес-конференција на министрите по средбите.
Според МНР, ова е прва посета на министерката Беате Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година. Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, реафирмирање на австриската поддршка на македонската интеграција во Европската Унија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа