Автомобил излета од патот, 21-годишник тешко повреден
Вчера во 23.06 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, пред мостот на река Драгор, патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(21) од с.Новаци, битолско, излетало надвор од патот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
17.02.2025 - 14:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа