Автомобил излетал од патот Охрид-Кичево, тешко повредена малолетничка


Вчера во 18.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Мешеишта, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Р.(59) од струшкото село Долно Татеши, излетало од патот.

Притоа, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид..

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

09.04.2024 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега