„Баба Марта со девет ума“: Од петок пад на температурите и драстична промена

 

Топлото време ќе се задржи уште утре, а од петок метеоролозите најавуваат промена на времето и заладување.

-Утре ќе се задржи сончево и ралативно топло време. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Дневните температури, според УХМР, за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.

Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, во петок од 12 до 19, во сабота од 9 до 16, недела шест до 12 степени понеделник од седум до 13 и вторник од осум до 15 степени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега