Бајден и Си Џинпинг телефонски разговараа прв пат од ноември
Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг разговараа денеска по телефон за прв пат од ноември, кога се сретнаа во Калифорнија, јавија кинески државни медиуми.
Кинеската државна телевизија објави дека двајцата лидери разговарале за нивните ставови за односите меѓу САД и Кина, како и за прашања од заеднички интерес.
Разговорот меѓу двајцата се одржа во услови на зголемени тензии во Јужното Кинеско Море, како и пред инаугурацијата на новиот претседател на Тајван следниот месец.
02.04.2024 - 22:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа