Бајден му честиташе на Вучиќ: Се надевам на компромис со Косово за стабилизирање на односите

Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до Александар Вучиќ за неговиот реизбор за претседател на Србија.

Бајден му честиташе на Вучиќ за новиот мандат и кажа дека со нетрпение очекува соработка и продлабочување на блиските односи меѓу двете земји.

„Важно е да останеме обединети во испраќањето на силни пораки за поддршка на Украина и осудување на бруталната војна која Русија сама ја избра“, пишува во писмото.

Бајден исто такажа дека дека ја охрабрува Србија да постигне напредок во промовирање на мирот и стабилноста во регионот, како и пронаѓањето на компромис за стабилизирање на односите со Косово преку дијалог.

20.05.2022 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега