Бајден вечерва и’ се обраќа на нацијата
Американскиот претседател, Џо Бајден, вечерва ќе и се обрати на јавноста од Белата куќа за да објасни зошто се откажа од кандидатурата за втор мандат три месеци пред изборите.
Тоа ќе биде прво обраќање на Бајден до нацијата откако во неделата на социјалните мрежи објави дека се откажа од трката за Белата куќа и ја поддржа потпретседателката Камала Харис за негов наследник.
Во својот говор, Бајден се очекува да ги истакне своите достигнувања во изминатите три и пол години, да објасни зошто Харис би била добар претседател и да предупреди на ризиците што би ги претставувал вториот мандат на Трамп.
Слабиот настап на Бајден во телевизиското соочување против Трамп во јуни ги вознемири демократите, кои почнаа да се сомневаат во неговата способност како кандидат, иако предизборните анкети со месеци укажуваа на загриженост во јавноста за 81-годишниот претседател.
Харис, која доколку биде избрана би станала првата жена претседателка во американската историја, веќе одржува предизборни митинзи, а нејзината кампања соопшти дека од неделата вечерта собрала повеќе од 100 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа