Бананата може да придонесе за слабеењето
Постојано слушаме колку е здраво овошјето и колку е важно да го јадеме секој ден затоа што го зајакнува имунитетот. Но, поради неколку причини, бананите се издвојуваат како посебно корисно и здраво овошје.
Тие се полни витамини и хранливи материи, па доколку се јадат секој ден, помагаат во одржување на здравјето и ја подобруваат општата состојба на телото. Се разбира, не треба да се претерува. Се препорачуваат до две банани на ден бидејќи прекумерните количини можат да придонесат за зголемување на телесната тежина или да доведат до недостаток на некои други супстанции во организмот…
Бананите ја подигнуваат енергијата
Ако јадете банана пред или по вежбање, тоа е одлична алатка за зајакнување на енергијата. Истражување спроведено на велосипедисти, покажало дека бананата им носи повеќе придобивки за време на маратонските трки отколку, на пр., енергетските пијалоци.
Му помагаат на дигестивниот систем
Бананите содржат, меѓу другото, тн. отпорен скроб којшто ги храни цревните бактерии и ја одржува цревната микрофлора. Така помага и во одржување на здравјето на системот за варење.
Бананите придонесуваат и за губењето тежина и слабеењето
Бидејќи се богати со протеини и растителни влакна, бананите ќе ве заситат и ќе го одржат тоа чувство на ситост подолго време, иако една банана има сто калории.
Помагаат при проблеми со кожата
Благодарение на витамините и минералите во бананите коишто го зголемуваат нивото на колаген, бананата многу добро може да се справи и со проблеми со кожата… Без разлика дали станува збор за брчки, акни или – сува кожа.
Богати се со калиум, и здрави се за срцето
Познат е фактот дека бананите се богати со калиум, а тоа, меѓу другото, е исклучително здраво и за срцето. Многу луѓе не добиваат доволно калиум дневно во своето тело, што понекогаш влијае на крвниот притисок и – здравјето воопшто.
Бананата е добра и за видот
Тие содржат витамин А, кој ги штити очите, го одржува видот, но и го подобрува ноќниот вид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа