„Барби“ заработи 775 милиони долари за 10 дена

 

Десет дена по премиерата, мегапопуларниот кинохит „Барби“ заработи неверојатни 775 милиони долари. Само во САД и Канада филмот досега има инкасирано 350 милиони долари, а се очекува заработката да продолжи да расте.

„Барби“ стана најуспешен филм што Маргот Роби го сними во својата кариера. Го надмина „Одред самоубијци“ (Suicide Squad), кој во 2016 година заработи 746 милиони долари.

На ИМБД филмот го оценија 150.000 луѓе, а доби не толку висока оцена – 7,5.

Но, интересот за „Барби“ во кината во светот не стивнува.

Режисерката Грета Гервик откри дека нема да се снима продолжение на мегапопуларниот филмски хит. Во интервју за „Њујорк тајмс“ режисерката Грета Гервиг го кажа своето мислење за евентуален серијал.

„Така се чувствувам на крајот од секој филм, како никогаш да немам друга идеја и сè што сум сакала да направам, сум направила. Не би сакала да уништам нечиј сон, но за мене, во овој момент, можноста за продолжение е рамна на нула“, рече Гервиг.

31.07.2023 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега