Барди ги предупреди Бугарите: Минатиот пат кога бев капитен дадов хет-трик

 

Македонскиот фудбалер Енис Барди ќе ја носи капитенската лента против Бугарија во Разград. Дуелот се игра утре од 18 часот во рамки на Лигата на нации, а ова е првиот од четири меча кои ги играат нашите репрезентативци.

Барди дебитираше како капитен во мундијалскиот циклус против Ерменија во Ереван и тогаш постигна хет-трик во победата од 5-0.

„Последен пат кога бев капитен дадов хет-трик. Чест ми е и задоволство да ја носам капитенската лента, но потенцирам дека сите во тимот сме капитени и помагаме за успесите на Македонија“, вели Барди.

01.06.2022 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега