Беливук со неочекуван исказ: Вучиќ бараше од мене различни услуги

Мрежата за истражување на криминал и корупција „Крик“ на својата веб страница објави шокантни информации од исказот на  Велимир Беливук, шеф на криминална група обвинет за  ликвидации, во кој тој тврди дека соработувал со српскиот претседателот Александар Вучиќ.

„Крик“ тврди дека Вучиќ од Беливук барал повеќе услуги како што е контрола на навивачите на Партизан, обезбедување на геј парадата, па дури и на протестот на таксистите во Белград.

Вучиќ и Беливук дури и се сретнале во приватен стан во населбата Звездара во Белград.

–  Имаше разни теми на тие неколку состаноци. На состанокот Вучиќ ни рече дека видувањето ќе биде максимално намалено, колку може за да не го загрозиме ни него поради политичката ситуација – изјавил Беливук.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ги отфрли тврдењата на Беливук објавени од  „Крик“ за наводни врски со него, негираше дека некогаш го видел Беливук и најави дека наскоро ќе ѝ се обрати на нацијата да презентира докази и да покаже на луѓето што навистина се случува.

-Тие не ги споменаа оние со кои навистина се гледал, со кои соработуваа во и надвор од земјата. Никогаш не сум го видел тој човек, ниту разговарал со него – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател изјави дека ако бил виден на која било локација или разговарал со нив, тој не само што е подготвен да се повлече од фуницијата, туку и да се пријави и да остане во затвор до крајот на животот.

 

22.07.2021 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега