Беше еден од најсаканите ликови од „Истанбулската невеста“ а сега го чека затвор
Турскиот актер, Озкан Денис (48), кој и е познат на македонската публика по улогите во сериите „Истанбулската невеста“ и „Судбина“, може да заврши во затвор за насилство врз неговата 20-годишна поранешна сопруга Фејза Актан.
Имено, како што пишуваат турските медиуми, истрагата за случајот е завршена и обвинителството покрена тужба против Озкан во која се бара затворска казна во траење од шест месеци до максимум година и пол.
Фејза рече дека актерот ја тепал неколку пати, а прв пат тоа се случило пред три години во нивната куќа во областа Сарјер.
Таа откри дека третиот насилен инцидент се случил додека биле во Германија, а според турските медиуми, дадилката на синот на поранешните сопружници, нивни заеднички пријатели и сестрата на Фејза сведочеле пред судот.
Озкан рече дека обвинувањата на неговата поранешна сопруга не биле вистинити и тој не ги прифатил.
Манекенката ги достави како доказ наодите од болницата од јуни 2019 година, на кои пишува дека е полесно повредена.
На крајот на јануари, актерот објави фотографија со неговиот син на Инстаграм, а најчесто споделува снимки и слики од снимањето на неговите нови проекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа