„Беше мелем за душата“ - мештаните се збогуваат од брутално убиениот монах Стефан

 

„Мили Боже, тага“, „Не можам да верувам. Прекрасен беше“, „Ќе те паметам засекогаш“, „Беше мелем за душата“, ова се само некои од пораките кои на социјалните мрежи ги оставаат запрепастените мештани на Шипово, мал град во Република Српска, кои ги шокираше веста дека во манастирот Глоговац бил убиен монахот Стефан.

Според првичните информации, тој бил избоден со нож во градниот кош и пределот на срцето. Осомничениот за убиството, Драган Ш. кој имал проблеми со дрога и во манастирот одел на лекување после убиството украл пари од манастирот, а потоа избегал во Бања Лука. Полицијата успеала да го пронајде возачот, кој се правдал дека не знае ништо за убиството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега