Без струја неколку делови од Скопје

 


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Ѓорче Петров.


Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Козара во општина Центар ќе останат струја, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Воин Драшковиќ во општина Ѓорче Петров ќе немаат електрична енергија.

18.03.2024 - 08:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа