Без вода останаа неколку делови од населбата Водно
Прекин во водоснабдувањето попладнево од 18 часот имаат корисниците од улиците „Владимир Назор“, „Ѓорги Абаџиев“, „Кумровец“ и дел од „Мајка Тереза“ во населбата Водно, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот е скината цевка на ул.„Владимир Назор“ бр.8 во населбата Водно.
Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
05.08.2022 - 19:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа