Безбеден сообраќај: МВР се мобилизира

 

Директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Александар Јанев денеска оствари средба со членовите на оперативниот штаб на МВР  надлежен спроведување на оперативната акција „Безбеден сообраќај“, притоа истакнувајќи го фактот од неопходноста за преземање на оваа оперативна акција на територијата на цела држава која што е во тек на средбите беа констатирани неколку суштински точки на кои што министерството ќе се фокусира во наредниот период.

-Разговаравме најпрво околу нужноста од што побрз старт на автоматизираниот систем за надзор „Сејф Сити“ по завршување со правните, односно нормативни измени, иако технички тој е веќе подготвен да се пушти во употреба, меѓутоа примарно е да се заврши регулативниот дел околу законските прописи.

Воедно беше констатирано дека е потребно вклучување на општинските служби, на општествено одговорните компании и на граѓанските здруженија кои што заедно со надлежните полициски организациони единици ќе работат на заеднички проекти насочени на подигнување на свеста на луѓето при учество во сообраќајот, потенцираше директорот Јанев.

Беше донесено одлука преку кампањи, летоци, билборди и друг промотивен материјал да се засили превентивното работење почнувајќи од децата па се до сите учесници во сообраќајот и почнувајќи од граничните премини при влез и излез од државата.

14.02.2025 - 17:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега