Би Би Си: Русите добро ги тепале терористите кои убија 137 луѓе во концертната сала (ВИДЕО)
Руските власти ги идентификуваа четворицата напаѓачи како Далерјон Мирзоев, Саидакраим Муродали Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов.
На видеото се гледаат маскирани полицајци како ги носат во Окружниот суд Басмани во руската престолнина.
Руските безбедносни сили очигледно ги претепале и мачеле четворицата напаѓачи. На социјалните мрежи протекоа вознемирувачки снимки кои, според Би-би-си, очигледно биле објавени од безбедносните сили. На снимката се гледаат брутални испрашувања. На едно видео се гледа како еден од напаѓачите во устата му е турнато увото кое штотуку било отсечено, а Би-би-си јавува дека некои снимки сугерираат дека најмалку еден од напаѓачите доживеал струен удар.
Лицата идентификувани од судот како Мирзојев и Рачабализода имаа модринки на лицето, а овој има завој над главата во пределот на увото. Се шпекулира дека станува збор за напаѓачот кому Русите при сослушување му го отсекле увото.
Покрај тоа, на Мирзојев околу вратот му беше завиткана искината најлонска кеса, што навестува тортура со задушување, но и желба на руските власти да и покажат на јавноста дека ги мачеле напаѓачите кои го извршија смртоносниот напад на концертната сала.
Лицето на мажот идентификуван како Фаридуни беше тешко отечено, а човекот по име Фајзов, кој беше донесен на суд во инвалидска количка облечен во болничка наметка, ја губеше свеста. Се чини дека му недостасува око, според новинската агенција Ројтерс.
Во соопштението на судот се наведува дека Мирзојев „целосно ја признал вината“, а Рачабализода се наведува дека „ја признал вината“. Мажите се идентификувани како државјани на Таџикистан, објави руската државна новинска агенција Тасс.
Сите четворица ќе бидат во истражен притвор најмалку до 22 мај, додаваат од судот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа